16 јуни 2021

Известување


Ве известуваме дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје на 16.06.2021 (среда) со почеток од 19:00-21:00 часот Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со единици од Министерството за внатрешни работи ќе извршат презентација на противпожарна скала на ул.“11 Октомври“.
За таа цел затворени за сообраќај почнувајќи 18:00 часот до завршување на настанот ќе биде ул.11 Октомври на потег од бул.“Кочо Рацин“ до ул.“Крушевска Република“.

СВР Скопје апелира до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.