11 јуни 2021

Пронајдена дрога во Тетово, приведено едно лице


На 10.06.2021 во 21.40 часот на ул.„Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од с.Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.