02 јуни 2021
Средба на министерот Спасовски со Н.Е. Рут Стјуарт, нерезидентен амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Н.Е. Рут Стјуарт, нерезидентен амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија пред нејзиното официјално завршување на мандатот во Белград.
На средбата се потенцираше успешната соработка помеѓу Амбасадата на Комонвелтот на Австралија и Министерството за внатрешни работи која особено е олеснета со потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот. Со потпишувањето на Меморандумот се отворија вратите за поконкретна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји во борбата против сите форми на тероризам, како и за интензивирање на соработката во иднина во сите форми на организиран криминал.
На крајот од средбата министерот Спасовски изрази благодарност врачувајќи и плакета на амбасадорката Н.Е. Рут Стјуарт за досегашната успешна соработка и континуирана поддршка во модернизирањето на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.