10 мај 2021

Спасовски: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа

 

Во контекст на севкупно подобрување на професионалните услови за работа и подигање на условите за работа на полициските службеници, за кое се заложи раководството на МВР, Одделот за специјални полициски операции доби нови униформи, кои беа промовирани на свеченоста по повод Денот на полицијата.

Станува збор за шест различни униформи:

Станува збор за неколку различни униформи, и тоа:

Урбана маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување. Комплетот е составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), дводелен комплет за дожд, четири различни капи (фантом, полар, безбол и беретка), навлака за шлем, дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици.

Втората униформа е рурална маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување и за Единицата за обука и поддршка. Комплетот е составен од: зимска јакна со подјакна, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, навлака за шлем, шешир, дводелно пододдело со подкапа, ракавици термо и тактички.

Третиот дел од униформата на Единицата за брзо распоредување е комбинезон во темно-сива боја, изработен од специјален материјал НОМЕКС, кој што е тешко запаллив и се користи во услови на нарушен ЈРМ во поголем обем и апсење на опасни лица во затворени простории.

Меѓу новите униформи е и униформата во темно сина боја, наменета за Единицата за обука и поддршка, а комплетот е составен од следниве делови: зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, pанталони рипс и ремен, три маици (со јака, без јака и тактичка маица со кратки ракави), четири капи (шешир, безбол, беретка и плетена капа), дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици и дождовна наметка.

И, униформа во темно сива боја за СВР Скопје - ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА, при што комплетот е составен од: комбинезон, зимска јакна со подјакна, кратка јакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, шест капи (шешир, фантом капа, полар, безбол, беретка и плетена капа), навлака за шлем, термо и тактички ракавици, дводелен комплет за дожд и дождовна наметка.

Продолжуваме со осовременување, модернизирање и редовна набавка на униформи и опрема за полициските единици.