04 мај 2021

Запленета дрога, приведена жителка на Куманово

 


Денеска(04.05.2021), полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.