01 мај 2021

134 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово




Денеска (01.05.2021) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 134 возачи. Од нив дури 26 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 119 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.