01 мај 2021

Приведени три лица поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија

 

На 30.04.2021 во 22.05. часот на ул.„Цветан Димов“ од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б.С.(48), Н.Х.(42), двајцата од Скопје и Т.Ј.(46), од с.Марино, скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.