„Кон зголемување на безбедноста на сите наши граѓани, како наш врвен приоритет, продолживме и преку интензивните активности за приведување на криминалци барани по меѓународна и централна потерница. Притоа, од септември до сега по разни основи 405 лица се лишени од слобода и спроведени во затворите за отслужување или доотслужување на затворската казна.
Од нив, 67 се приведени во странство, а 338 во Република Северна Македонија“, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски на денешната седница на која на дневен ред беше неговата интерпелација на предлог на неколку пратеници од опозицијата.