Во текот на вчерашниот ден (21.04) Секторот за внатрешни работи Штип спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 83 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.