09 април 2021

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ СКОПЈЕ 2

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на член 56 став 5 од Законот за Прекршоци  (Службен весник на РСМ бр.96/2019година) Одделение  за прекршоци Скопје-2 Комисија за одлучување по прекршок, при Министерството за внатрешни работи врши:

 

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

 

     Министерството за внатрешни работи ,Одделение за прекршоци Скопје 2-Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на долунаведените физички лица , дека од страна на овластен подносител им се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка кои не се во состојба да ги достават со лична достава и тоа:

 

 

 

1.Ферди Красниќи од Скопје каде и живее на ул.Нов Живот бр.1   предмет ПП бр. 19.1.2-2638 од 18.11.2019 година

2.Риа Монд Агуши од Скопје каде и живее на ул.Гарсија Лорка бр.15 а   предмет ПП бр. 19.1.2-3124  од 21.12.2020 год.

3.Мартин Димитриевски од Куманово каде и живее во с.Орашац бб    предмет ПП бр. 19.1.2-3185  од 21.12.2020 год.

4.Џемаиљ Сулејмани од Куманово каде и живее во с.Бедиње на ул.11-ти Октомври бб  предмет ПП бр. 19.1.2-3222  од 21.12.2020 год.

5.Ариф Сулејмани од с.Липково а живее во Куманово на ул.11-ти Ноември бр.234  предмет ПП бр. 19.1.2-3223  од 21.12.2020 год.

 

 

 

 

Се повикуваат горенаведените физички лица во рок од 8(осум)дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје 2, Комисија за одлучување по прекршок во објектот на МВР на РСМ – Сектор за прекршоци на ул.Димитар Туриманџовски бр.1 нас.Лисиче во својство на странки за прием на горенаведеното барање за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08.00-16.00 часот на кое во рок од 3(три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за поведување на прекршочна  постапка ,согласно член 60 ст.3 од Законот за прекршоци (Сл.Весник на РСМ бр.96/19).

 

 

 

Предупредување :

Ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за Прекршоци  (Службен весник на РСМ бр.96/2019година)),доколку горенаведените лица во рок од 3 дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање , Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.

                                                                                          

08.04 .2021 год                                                                        Одделение за прекршоци Скопје 2

                                                                                            Комисија за одлучивање по прекршок