08 април 2021

Потпишан договор за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Универзитетот ФОН за дообразование на вработените во МВР

 

Интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Американскиот универзитет на Европа - ФОН, беше во фокусот на денешната работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и  директорот на Американскиот универзитет на Европа ФОН, Сефер Цаноски, која се одржа во просториите на Министерството за внатрешни работи.

На средбата беше заклучено дека интензивирањето на соработката меѓу двете институции е посебно значајно за развој на сегментот на дополнително образование и обука на припадниците на полицијата, особено вработените од Секторот за комјутерски криминал. За таа цел, министерот Спасовски и директорот на Универзитетот Цаноски потпишаа Договор за соработка, кој претставува рамка, со која дополнително се зацврстува соработката меѓу министертвото и Универзитетот во делот на доедукација на припадниците на Министертвото за внатрешни работи.

Според директорот Цаноски во обуката ќе бидат вклучени и неколку влијателни универзитети од Соединетите Американски Држави, а министерот Спасовски нагласи дека образованието е клучен дел од секој сегмент во општеството, а дополнителната едукација е од исклучителна важност за соочување со новите предизвици на полициските службеници.