Денеска се одржа работна посета на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, од страна на г.Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, чиј домаќин беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во рамките на посетата, а по повод неодамнешното одбележување на 40-годишниот јубилеј на САЕ Тигар, на г.Љупчо Николовски му беше врачена јубилејна плакета од страна на командантот на единицата , г. Митко Даневски.
Заменик претседателот Николовски заедно со министерот Спасовски ја посетија Спомен куќата, каде г.Николовски се потпиша во спомен книгата. Се одржа и посета на наодамна изграденото стрелиште, кое е од исклучителна важност за припадниците на САЕ „Тигар“.
Министерот Спасовски, заменик Претседателот на Владата и командантот на единицата потенцираа дека значително се подобрени условите за беспрекорно фукционирање на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, а дополнително подобрување ќе биде постигнато со тековната преадаптација и реконструкција на уште еден објект, локациски сместен во Касарната „Илинден“, кој со Одлука на Влада на Република Северна Македонија е преземен од Министерството за одбрана и наменет за потребите на вработените на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
Овој објект е преземен со голем процент на амортизирана и дотраена градежна функционална состојба во сите негови составни конструктивни елементи, како и целосна нефункционалност на постојните вградени инсталаци. Објектот во моментотот е во фаза на преадаптација и реконструкција.