07 април 2021

За политички поен ВМРО-ДПМНЕ застана против државата и граѓаните и ја издаде акцијата на МВР




 
Кој сакаше да направи саботажа? Ова е истрага започната одамна, во неа се вклучиле странски организации, се вклучил Интерпол. Во еден момент некој излегува во јавноста со брифинг и ја открива акцијата и јас не можам да заклучам друго освен дека тоа е саботажа. За да освои политички поен ВМРО-ДПМНЕ ја издаде акцијата, значи работи против државата и граѓаните.
Внатре во МВР кругот сега е затворен, сега ќе има проширување на истрагата.

Побарав јавно од Јавното обвинителство да ги провери сите овие наводи на ВМРО ДПМНЕ. Ако излезете јавно, со документи, и наместо кај надлежните органи да ги предадете вие ги изнесувате пред граѓаните, тогаш треба да се провери. Ќе кажам само дека еден од приведените е во тесна врска со Мицкоски и имал постојани контакти со него.

Јас ова го изнесувам според сознанијата и индициите, тие се во контакт и дел од документите во нивната партија се преку приведените лица. Акцијата беше планирана да се реализира за неколку дена, после спремање на сите активности. Ја забрзавме заради деконспирацијата. Знаете, лидер на партија сега се појавува демек стимулира борба против криминал и корупција, а постојано гледаме дека се става во одбрана на крупните криминалци.