„Полицајците се дел од критичната инфраструктура и затоа ќе се вакцинираат наскоро. Направивме анкетирање на вработените кој сака да биде вакциниран. Ќе започнеме со оние кои имаат некакви хронични болести. Право на личен избор е вакцинацијата и јас можам само да апелирам дека единствен спас од корона вирусот е вакцината. Сето друго што се шири како теорија на заговор нема да ни помогне. Имате луѓе кои постојано реагираат за мерките, за траењето на пандемијата, но паралелно пишуваат дека нема да се вакцинираат. Мора совеста да ни проработи за да си помогнеме и на себе и на семејството. Очекувам дека ќе има голем одѕив во редовите на полицијата.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Тој истакна дека се има сликано и со најголемиот криминалец Груевски, ама тоа не е вест, исто како што не е дека имаме приведено над 400 криминалци од потерници
„Во последните месеци имаме спречено четири меѓународни канали за шверц на дрога. Имаме приведено многу лица учесници во дистрибуцијата и продажбата на дрогата. Таа акција во Скопје, во Грчец, комплетно ја водеше Јавното обвинителство, од организација до спроведување. За фотографиите кои се појавија дека сум се фотографирал со некои криминалци, па јас имам слики и со Груевски и со други од ВМРО ДПМНЕ, па има ли поголеми криминалци од нив? Зошто за тие фотографии никој не објавува и не прашува? Сега седам со вас (кон водителот) и ако утре вас ве уапси полицијата дали ќе ме прашаат зошто сум седел со новинар? Да не ја префрламе топката кој е одговорен, се знае кој какви наделжности има.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Спасовски потенцираше дека во последната година до две полицијата има откриено преку 400 лица од потерниците на МВР, сторители на кривични дела, а со години не се презеле никакви мерки против нив. И сега тоа не е вест, дека МВР има 400 приведени криминалци, ама е вест е дека министерот некогаш се фотографирал со некого.