07 април 2021

Приведен гостиварец баран по распишана централна потерница


Денеска (07.04.2021) во 11.15 часот на ул.„Шуматоска“ во Гостивар, полициски службеници Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги го лишиле од слобода М.А.(58) од Гостивар, затоа што се барал по распишана централна потерница од МВР, а по Наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради бегство од затвор.
Тој бил осуден на четири години казна затвор по член 215 од Кривичниот законик и се бара за доиздржување на казната.
М.А. бил предаден во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа.