Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со претставниците на невладината организација „Автомобилност“ Агрон Сулејман и Горан Антевски, на која се разговараше за начинот за подобрување на безбедноста во сообраќајот. 2020 година е година со најмал број на жртви во сообраќајните незгоди, но МВР продолжува со мерки и активности за оваа бројка и натаму да се намалува и во 2021 година, а предлозите и идеите од невладините организации во оваа насока секогаш се добредојдени.
Соговорниците го истакнаа видливиот ангажман на сообраќајната полиција на терен, што е многу значајно за реализација на еден од клучните приоритети на МВР и во оваа година- намалување на бројот на сообраќајни незгоди и на жртви во незгодите, а се разговараше и за другите начини како да се подобри безбедноста на патиштата.