10 март 2021

Спасовски: Да ја почитуваме забраната за движење и заеднички да придонесеме за заштита на здравјето!

 

Вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направи увид на неколку полициски пунктови во Скопје по стартот на спроведувањето на новодонесената мерка за ограничување на движењето со времетрање од 22.00 часот до 05.00 часот, според одлуката на Владата.

„Полициските службеници од сите организациони единици на Министерството за внатрешни работи се  на првата линија во битката за заштитата на здравјето и животот на сите наши граѓани. Согласно мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија подготвено, плански и темелно постапуваме со една цел, да ги заштитиме нашите сограѓани“, рече министерот Спасовски во изјава за медиумите по посетата на полициските пунктови. 




Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на  движењето да се спроведе  согласно одлуката на Владата. Министерот Спасовски и во оваа прилика апелираше до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење.

„Ова е неопходен чекор препорачан од здравствените фактори, а во интерес на поединечното и јавно здравје, и повеќе од сигурен сум дека сите заедно ќе успееме да ги пребродиме и овие околности што ни ги наметнува пандемијата со “ковид 19“.Апелирам до граѓаните на одговорност, апелирам да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите. Само така ќе застанеме на патот на ширењето на вирусот. рече Спасовски.