Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете земји, како и подготвеноста таа дополнително да се продлабочи. Беше потенцирана одличната соработка меѓу полициите на двете земји, за што сведочи и фактот дека првата посета на министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ беше токму на нашето министерство. Основа на полицискaта соработка меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји се низата склучени договори меѓу двете министерства.
Министерот Спасовски потенцираше дека борбата со организираниот криминал, тероризмот, илегалната миграција , трговијата со луѓе и сајбер криминалот се полињата на кои е неопходна заедничка соработка и размена на информации и искуства меѓу земјите од регионот, а токму соработката меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора е пример за успешна соработка на земји кои немаат ниту еден отворен проблем.
Потпретседателот Абазовиќ пак ја потенцира подготвеноста на Црна Гора да ги стави на располагање на Северна Македонија капацитетите во делот на спроведувањето на обврските во рамките на поглавјата 23 и 24 и стручните знаења и искуства во текот на преговарачкиот процес со ЕУ. Особено размената на информациите и искуствата околу борбата со организираниот криминал ќе донесат бенефит за двете земји кои имаат јасна цел да обезбедат подобра иднина за своите граѓани. Потпретседателот Абазовиќ упати и покана до министерот Спасовски во што поскоро време да ја посети Црна Гора