22 февруари 2021

142 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење, 11 без возачка (Видео)

 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 39, 11 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни возила за јавен превоз.

Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.