21 февруари 2021

199 санкционирани возачи во Скопје: 49 за брзо возење, 23 без возачка дозвола и 29 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, од кои 23 за возење без возачка дозвола, 49 за управување со брзина поголема од дозволената, 29 мерки за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 7 за некористење на сигурносен појас и 29 санкции за непрописно паркирање.  

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.