20 февруари 2021

62 санкции за брзо возење во Липково и Куманово



Денеска (20.02.2021) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково. При тоа санкционирани се 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 12 возила поради други прекршоци.