20 февруари 2021

Приведен разбојник од Делчево

 

 

На 19.02.2021 во 13,20 часот од полициски службеници во Полициската станица Кочани бил лишен од слобода А.Ш.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојничка кражба“ по чл.238 од КЗ. Имено, пријавениот истиот ден околу 10,00 часот во Кочани насилно го отворил прозорецот и влегол во куќа по што почнал да пребарува. Додека се уште бил внатре сопствениците се вратиле во домот и го затекнале. Тогаш осомничениот со остар предмет го нападнал сопственикот и го напуштил местото на настанот од каде претходно одзел пари.

По целосното документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.