Вести

03 февруари 2021

Апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на Јавна Соба

 Апсолутна поддршка за барањата на граѓаните во однос на Јавна Соба, важно е да се подигне јавната свест за појавите како Јавна Соба, важно е и ефикасно делување на институциите на системот.

Како МВР ефикасно преземавме многу чекори коишто придонесуваат во истрагата за Јавна Соба, со цел санкционирање за одговорните. Веќе се приведени четири лица, извршени се претреси, одземени се телефоните кои се вештачат и коишто ќе бидат предадени на Јавно обвинителство. Воедно, идентификуваме и детектираме дополнителни лица коишто биле дел од Јавна Соба. Сакам да уверам дека неселективно постапуваме кон сите што се детектираат и идентификуваат и ќе биде спроведена постапка, сѐ со цел да се обезбедат докази и да се достават до Јавното обвинителство. Веќе информиравме за слична група, во која има и членови кои не се од нашата земја, а на којашто се приклучуваат и членови од земјава, така што и тука се постапува и се следи и за сите други активности коишто ги имаме за други групи на социјалните мрежи, будно следиме будно и покренуваме соодветни постапки.