22 јануари 2021

Средба на министерот Спасовски со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани.

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со Вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани. На средбата беа потврдени пријателските односи помеѓу двете држави и беа разменети мислења за тековната соработка и унапредување на истата во областите од  заеднички интерес, со особен акцент во областа на безбедноста. 
Во таа насока од страна на двајцата соговорници , за наредниот период беа разгледани  можностите за искористување на потенцијалите за размена на искуства и реализација на проекти помеѓу двете министерства за внатрешни работи.