14 јануари 2021

Средба на директорот Тасевски со преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија


Денеска (14.01.2021) во Бирото за jавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беше остварена работна средба помеѓу директорот на БЈБ, м-р Сашо Тасевски и преставници на канцеларијата на американската Агенција за борба со наркотиците (ДЕА) во Софија. На средбата присуствуваа и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција со претставници од Одделот, а на средбата тема на дискусија беше досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.

Од страна на директорот Тасевски беше нагласена досегашната соработка со американската Агенција за борба со наркотиците, која резултираше со неколку успешни меѓународни операции во кои нашето Министерството за внатрешни работи учествуваше како респектиран партнер, при што беше истакнато дека ваквата соработка ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.