14 јануари 2021

Приведени лица, затворен објект во Скопје кој не го почитувал работното време

 

На 13.01.2021 во 21.00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во објект за компјутерски игри на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, сопственост на Н.Х.(45) од Скопје. При контрола во објектот биле затекнати 11 лица – гости и сопственикот, кои биле лишени од слобода и приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Покрај тоа, сопственикот Н.Х. се однесувал агресивно кон полициските службеници кои вршеле службени дејства, по што му бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.