14 јануари 2021

Затворен угостителски објект во гостиварско поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19

 На 13.01.2021 во 19.30 часот во с.Добридол, општина Врапчиште, при извршување работни задачи, полициски службеници од Полициското одделение Галате забележале дека еден угостителски објект работи по дозволеното време. При контрола, во објектот биле затекнати пет лица гости и сопственикот М.С.(47) од с.Добридол. 

Сопственикот М.С. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Од страна на Државниот пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен.