12 јануари 2021

Приведен крадец во Карпош, фатен додека се обидувал да изврши тешка кражба

 

На 11.01.2021 во 20.00 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје од слобода е лишен Љ.С.(43) од Скопје, додека се обидувал да изврши кривично дело „тешка кражба“ во возило и кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела тешки кражби. Лицето е задржано во Полициската станица Карпош за понатамошно постапување.