Денеска во Министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, држвната секретарка Магдалена Несторовска и претставници на Министерството, одржаа состанок со претставници на EuropeAid, со цел запознавање со ИПА проектот „Реорганизација на државната управа“, кој треба да резултира со поддршка на реформите во Министерството за внатрешни работи. Претставниците на проектот - главниот експерт за државна реорганизација Александрс Антоновс и тим лидерот Слаѓана Тасева, после спроведената хоризонталната функционална анализа на сите институции, ги презентираа своите наоди и видувања за планот за имплементација на оваа реформа.
Министерот Спасовски изрази подготвеност за соработка на Министерството и сите организациони единици со претставниците на EuropeAid ИПА проектот, за поддршка на реформите на државна управа.