Денеска (14.12.2020) во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија министерот Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Анке Холштајн. На средбата соговорниците разговараа за состојбата со пандемијата на „Ковид – 19 “ и беше потврдена меѓусебната поддршка и активностите кои се преземаат за спречување на ширењето на пандемијата.
Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната успешна соработка помеѓу двете пријателски земји, како и за целокупната поддршка што Сојузна Република Германија и ја дава на Република Северна Македонија во делот на евроинтегративните процеси, со уверување дека и во наредниот период остануваме посветени на заедничките иницијативи и проекти од интерес за двете земји, како и продлабочување на соработката помеѓу двете министерства за внатрешни работи.