Денеска , министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер. Министерот Спасовски му посака добредојде и успех на амбасадорот Бомгартнер во извршувањето на својата одговорна работа во унапредувањето на односите меѓу двете земји.
На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од взаемен интерес, како и целокупната поддршка што Француската Република и ја дава на Република Северна Македонија во делот на евроинтегративните процеси за пристапување кон ЕУ.
Министерот Спасовски ја нагласи досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства за внатрешни работи, како и во областите во кои истата би можела да се продлабочува во иднина, со особен акцент на унапредувањето на капацитетите на македонската полиција.