27 ноември 2020

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Република Хрватска Н.Е. Нивес Тигањ и директорот на ХС Продукт, Жељко Павлин

 Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ и директорот на ХС Продукт, Жељко Павлин .

На средбата министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната успешна соработка  помеѓу двете пријателски земји како и за целокупната поддршка што  Република Хрватска и ја дава на Република Северна Македонија во делот на евроинтегративните  процеси за пристапување кон ЕУ, изразувајќи уверување дека и во наредниот период остануваат посветени на заедничките иницијативи  и проекти од интерес за двете земји.   Директорот Павлин  на средбата со министерот Спасовски го изрази своето задоволство од досегашната соработка  со надеж дека и во иднина истата ќе продолжи со несмален интензитет.