Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република Н.Е. Андреа Силвестри.
На средбата од страна на министерот Спасовски беше нагласена досегашната одлична соработка помеѓу двете Министерства за внатрешни работи, како и областите во кои истата би можела да се продлабочува во иднина. Истовремено беа посочени приоритетите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија меѓу кои и борбата против организираниот криминал, тероризмот и илегалната миграција.
Италијанскиот амбасадор Силвестри на крајот од средбата со министерот Спасовски изрази уверување дека и во наредниот период за време на неговиот мандат остануваат посветени на започнатите иницијативи и проекти од заеднички интерес за двете министерства и двете пријателски земји.