26 ноември 2020

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ГЕВГЕЛИЈА

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ број 96/19 од 17.05.2019 година),  Одделението за прекршоци-Гевгелија, Комисија за одлучување по прекршок при Министерството за внатрешни работи, врши:

 

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

                Министерството за внатрешни работи, Одделение за прекршоци Гевгелија – Комисија за одлучување по прекршок, им соопштува на наведените физички лица дека има донесено  решенија  кои не се во состојба да ги достави со лична достава и тоа:

 

 

  1. Павле Басаров од Богданци ул.„Маршал Тито“ бр.78, за предметот П.П.бр.19.2.9-1264/20 од 10.11.2020 година,

 

Се повикуваат горе наведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Гевгелија - Комисија за одлучување по прекршок, на ул: „Железничка“ бб во Гевгелија, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 08.00-16.00 часот, на кои согласно член 68 од Законот за прекршоците, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да достават жалба преку Комисијата за прекршоци Гевгелија до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

        

     Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи ќе се смета за уредно доставување.                                                                                                                                   

 

 

ДМ                                                              Одделение за прекршоци Гевгелија     

                                                                     Комисија за одлучување по прекршок