РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
Врз основа на член 36 став 5 од Законот за изменување и дополнување на законот за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на РМ бр.66/07 и 152 /15)
Комисијата за одлучување по прекршоци,Одделение за за прекршоци Кичево во Секторот за прекршоци ,при Министерството за внатрешни работи,врши објава на веб страницата на МВР на РМ:
ДОСТАВА СО ЈАВНА ОБЈАВА
Министерството за внатрешни работи,Сектор за прекршоци,Одделение за прекршоци Кичево-Комисија за одлучување по прекршоци,им соопштува на наведените физички и правни лица,дека е направен обид за достава на Известувања,за поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка,кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
1.Исмет Мустафоски од Кичево каде и живее на ул.Струшка бб, за прекршочен предмет УП.бр.19.2.7-1001/20 од 25.08.2020 година.
Се повикуваат горенаведените физички и правни лица,во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на оваа јавна објава да се јават во просториите на МВР-Одделението за прекршоци Кичево,Комисија за одлучување по прекршок,во објектот на ул.„Булевар Ослободување„бр.62,во својство на странки за прием на горенаведените Известувања заедно со примерок Барање за поведување на прекршочна постапка,секој работен ден од 08.30-16.30 часот.
Ова соопштение со Јавна објава на веб страницата на Министерството за внатрешни работи,ќе се смета за уредно доставување на писменото,а согласно чл.36 ст.5 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Доколку горенаведните лица во рок од 3 (три) дена од уредно доставување на писменото,не се произнесат писмено по наводите во Барањето за поведување на прекршочна постапка,против истите Комисијата по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите,и ќе ја утврди фактичката сотојба потребна за одлучување по прекршокот,а согласно чл.63 од ЗП.
Одделение за прекршоци Кичево
Комисија за одлучување по прекршоци