23 ноември 2020

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ КОЧАНИ

 

                                      РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

                                МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

              Врз основа на член 56 ст.5 и чл.57 ст.4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“бр.96/19), Министерството за внатрешни работи, Оддел за прекршоци, Сектор за прекршоци за подрачјето на територијата на РСМ, Одделението за прекршоци-Кочани, врши:

 

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

 

 

          Министерството за внатрешни работи, Сектор за прекршоци, Одделение за прекршоци Кочани, им соопштува на наведените физички и правни лица, дека од страна на овластен подносител им се поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по член 6 од Уредбата на Владата    со  законска слила за носење на лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД 19  кои не се во состојба да се достават и тоа:

 

             Л1. Љутви Демиров од Штип  ул. Брегалничка бб, ПП.бр. 19.2.14-2106/20 од 17.10.2020

2. Ферит Џеладинова од Штип ул. Черења 141 Пп.бр. 19.2.14-2122/20 од 17.10.2020.

3. Јусеин Јусеинов  од Кочани  ул. Славчо Стојменов бр.53 Пп.бр. 19.2.14-2259/20од 09.11.2020.

4. Иштрафил Саидов од Кочани ул. Сл.Стојменов  бр. 34 Пп.бр.19.2.14-2410/20 од 09.10.2020 год.

5.Горан Тасев  од   Кочани   ул. Стамен Манов бр.30  Пп.бр. 19.2.14-2354//20 од 06.10.2020 год.      

.6. Никола  Николов од  Кочани   ул. Стамен Манов  бр.7 Пп.бр.  19.2.14-2406/20 од 09.11.2020.

7. Сердар Мустафов    од Кочани ,ул. Митко Беќарски бр. 20, ПП бр. 19.2.14-2343/20 од 06.10.2020.

8. Антонио Гирев од Кочани   Поп Арсов  Блаже бр. 23 Пп.бр.19.2.14-2347/20 од 09.11.2020 год.

9.Драган Стојанов    Кочани   ул.Лазар Андонов бр. 1  Пп.бр. 19.2.14-2422//20 од 09.11.2020 год.      

С10. Давид Малинов од Кочани  ул. Сремска 43 Пп.бр.  19.2.14-2112/20 од 16.10.2020.

11 Јусеин Јусеинов   од Кочани ,ул.  Славчо Стојменов бр. 53 , ПП бр. 19.2.14-2772 од 11. 11.2020.

12 Тоше Миетев од Зрновци  ПП бр.19.2.14-2349/20 од 10.11.2020 год.

 

 

          Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Кочани, Комисија за одлучување по прекршоци, во објектот на Полициската станица Кочани, на ул.„Тодосија Паунов“ бр.12, Кочани, во својство на странки за прием на горенаведените Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

               

          Предупредување: Оваj начин на доставување ќе се смета за уредно доставување што е во согласност со одредбите на Законот за прекршоците, поточно чл.56 ст.5 и чл.57 ст.4 од истиот закон („Службен весник на РСМ“бр.96/19) и по истекот на осум дена од денот на објавата се смета дека доставата е извршена. 

          Прекршочниот орган без одлагање ги прибавува доказите и ја утврдува фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот.

          Согласно член 60 ст.3 од Законот за прекршоците, прекршочниот орган ке го извести сторителот за прекршокот што му се става на товар и го поучува дека во рок од три дена од денот на приемот на известувањето има право да се изјасни за фактите и доказите.

   

   

                                                              Одделение за прекршоци Кочани

                                                         Комисија за одлучување по прекршоци