22 ноември 2020

256 санкционирани возачи во Скопје

 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 256 мерки, меѓу кои 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции  за управување под дејство на алкохол, 9 за минување на затворен семафор (црвено светло), 14 мерки за користење на мобилен телефон, 50  за неносење заштитна маска, 37 санкции за непрописно паркирани возила, а 32 возила се подигнати од „пајак“ службата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.