20 ноември 2020

166 санкционирани возачи во Сарај

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возилаи 14 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.