19 ноември 2020

Приведени двајца крадци, расчистени 18 „тешки кражби“ во Скопје

 На 19.11.2020 околу  03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба “ во патничко возило, сопственост на Г.И.(49) од Скопје. Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила на територијата на Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.