19 ноември 2020

Приведен криминалец осуден на девет години и пет месеци затвор

На 12.11.2020 во 22.00 часот полициски службеници при СВР Куманово го привеле И.В.(47) од Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, за доиздржување на казна затвор од 1 година, 4 месеци и 7 дена, од вкупната затворска казна во траење од 9 години и 5 месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по чл.237, ст.4 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа во Куманово.