Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во чест на Денот на ОН, по повод 75-годишнината од основањето на Организацијата на обединети нации, денеска во околината на Велес, во близина на Езерото Младост, се приклучи во акцијата „Засади 75 дрвја за 75-годишнината“, на која присуствуваа официјални преставници на Обединетите нации, претставници на дипломатскиот кор и официјални претставници на институциите.
Според министерот Спасовски, оваа 2020 година ја донесе една од најголемите здравствени кризи во изминативе неколку децении, а Обединетите нации, кои одбележуваат 75 години од своето основање, преку Светската здравствена организација имаат исклучително значајна улога во насока на заштита на населението на меѓународно ниво. Особено е значајна новата Рамка за соработка за одржлив развој 2021-2025, стратешки документ по кој ќе се насочуваат сите напори за подобрување на животот и создавање подобар свет за идните генерации. Оттука, продлабочувањето на соработката со Обединетите нации е неопходно на глобално ниво, со цел заеднички да се учествува во остварување на милениумските цели за одржлив развој.