18 октомври 2020

Засилени контроли во Битола: 233 санкционирани возачи

 Министерството за внатрешни работи вчера (17.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола. Притоа, изречени се вкупно 233 санкции, меѓу кои 27 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 40 за возење без возачка дозвола,34 за пречекорување на брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.