17 октомври 2020

Приведен дилер на хероин од Кавадарци

 На 16.10.2020 во Кавадарци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле хероин.  

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.