17 октомври 2020

Приведенo лицe од Албанија барано од Интерпол

 На 17.10.2020  во 01.30 часот на влез во Република Северна Македонија, на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ц.Л.(34) од Пешкопеја, Република Албанија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на Стоп - листа со мерка „Апси“ по барање од Интерпол-Атина , Република Грција. 

Во 05.30 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.