17 октомври 2020

400 санкционирани возачи во Скопје, од кои 65 за пречекорена брзина

 Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 400санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 47технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.