14 октомври 2020

Средба на министерот Спасовски со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

 

 
 
Денеска министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски одржа работна средба со амбасадорката на Швајцарската конфедерација Н.Е. Сибил Сутер Тејада.  На средбата беа потврдени пријателските односи и довербата помеѓу двете држави, како и поддршката од Швајцарската конфедерација во изминатиов период, во голем број области од взаемен интерес.
Двајцата соговорници разговараа за тековните проекти кои се дел од соработката од областа на безбедноста, како и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во полето на борбата против нелегалната миграција.