13 октомври 2020

Средба на министерот Спасовски со aмбасадорот на Романија Станила

 

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со aмбасадорот на Романија во нашата земја, во заминување, Н.Е. Виорел Станила.

На средбата беа потврдени пријателските односи и поддршката што Романија ѝ ја дава на Република Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и по однос на членството во НАТО, но и во делот на меѓусебната поддршка при справувањето со пандемијата од „Ковид-19“.

Соговорниците, исто така, разменија мислења за натамошниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, при што ги потенцираа можностите за интензивирање на соработката, особено во доменот на работа на министерствата за внатрешни работи, изразувајќи надеж за продлабочување на партнерството и во наредниот период.