09 октомври 2020

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Република Грција Јанакакис

  Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Димитрис Јанакакис. 

На средбата, меѓу другото, беше разговарано за претстојната посета на министерот за цивилна заштита на Република Грција, г.Михалис Хрисохоидис предвидена за 16 октомври 2020 година во рамки на Состанокот на Министри за внатрешни работи на партнерите на Берлинскиот процес, чиј домаќин е Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. 
Двајцата соговорници го потенцираа интензивирањето на соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи, но и воопшто помеѓу двете држави, а акцент беше ставен на процесот на интеграција во Европската унија и членството на Република Северна Македонија во НАТО, како и борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и сајбер криминалот. Министерот Спасовски укажа на несмалениот интензитет во заложбите за јакнење на професионализацијата во полицијата, што ќе придонесе за успешно надминување на предизвиците во активностите на Министерството за внатрешни работи.