07 октомври 2020
Средба на министерот Спасовски со Постојаната претставничка на Канцеларијата на УНДП во Скопје, г-ѓа Сахакјан
Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, се одржа работен состанок меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Постојаната претставничка на Канцеларијата на УНДП во Скопје, г-ѓа Нарине Сахакјан.
На работниот состанокот на кој покрај министерот Спасовски присуствуваа и директорот на Бирото за јавна Бебедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ , Бесир Деари беа разгледани тековните проекти кои министерството ги остварува со Канцеларијата на УНДП во Скопје од областа на унапредување на националните практики за мало и лесно оружје, и од страна на Постојаната претставничка г-ѓа.Сахакјан уште еднаш беше потврдена поддршката за имплементација на втората фаза од проектот како и можноста за идна соработка помеѓу двете страни во областа на нелегалната миграција.