Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски и амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја, Ангел Ангелов.
На средбата, меѓу другото, заеднички беше констатирано дека досегашната соработка и партнерството меѓу двете земји се во нагорна линија, при што беше нагласена поддршката од Република Бугарија во процесите од голема важност за напредокот на Република Северна Македонија, како во текот на полноправното асоцирање во НАТО алијансата, така и околу отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ.
Соговорниците, исто така, ја потенцираа и одличната соработка на владино и на институционално ниво, во контекст на актуелната пандемија на Ковид-19, особено во поглед на безбедното враќање на нашите државјани.
Воедно, министерот Спасовски и амбасадорот Ангелов разговараа и за важноста на годинешново заедничко претседателствување со Берлинскиот процес, како и за теми од билатералната соработка во повеќе области од заеднички интерес помеѓу двете држави и на министерствата за внатрешни работи